Ново тврдење за несреќата во иранската нуклеарна постројка Натанз: Дали во позадината се наоѓа Мосад

Во веста на израелскиот јавен информативен сервис „КАН“ се истакнува дека во позадината на случајот се наоѓа Мосад и дека причинетата штета во нуклеарната постројка е поголема од онаа којашто се соопштува од страна на Иран

1619234
Ново тврдење за несреќата во иранската нуклеарна постројка Натанз: Дали во позадината се наоѓа Мосад

Како што се тврди во позадината на несреќата којашто се случи вчера во нуклеарната постројка Натанз во провинцијата Исфахан во Иран се наоѓа израелската разузнавачка служба Мосад.

Во врска со проблемот во нуклеарната постројка Натанз до којшто дојде најпрвин во мрежата за дистрибуција на електрична енергија и за кој претходно беше соопштено дека претставува несреќа, а потоа беа дадени изјави во однос на тоа дека е терористичка акција, е изнесено тврдење и од страна на израелскиот јавен информативен сервис „КАН“.

Во веста на „КАН“ ослонувајќи се на израелски разузнавачки функционери се истакнува дека во позадината на случајот се наоѓа Мосад и дека причинетата штета во нуклеарната постројка е поголема од онаа којашто се соопштува од страна на Иран.

Во веста воедно се наведува дека со причинетата штета е нанесен удар на капацитетот на земјата за збогатување на ураниумот и дека исто така и тајмингот на случајот не е случаен.

Исто така во веста на израелскиот јавен информативен сервис „КАН“ се вели дека израелскиот кабинет ќе се состане на 18 април во недела за разгледување на прашањето со Иран и на овој состанок ќе се разговара за преговорите коишто се водат во врска со иранскиот нуклеарен договор и присутната затегнатоста со Иран во регионот.



Слични вести