На ѕидот на џамијата во францускиот град Рен напишани антиисламски написи
Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша: „Неприфатливо е тоа што на ѕидот на џамијата во Рен се наишани анитисламски написи. Јас сум во солидарност со сите муслимани во земјата.“

На ѕидот на џамијата во градот Рен во Франција се напишани антиисламски написи и е нацртан крст.
Во врска со случајот е започната истрага.
Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша: „Неприфатливо е тоа што на ѕидот на џамијата во Рен се наишани анитисламски написи. Јас сум во солидарност со сите муслимани во земјата.“
Министерот Дарманин истакна дека ќе ја посети џамијата која беше цел на нападот.
Градоначалничката на Рен Натали Апере исто така нагласи дека овие настани немаат свое место во Франција и Рен, а ја изнесе и својата поддршка на џемаатот (верниците) на џамијата.
Во одделно објавените соопштенија од Францускиот исламски совет (CFCM) и Координацискиот комитет на турските муслимански здруженија во Франција (CCMTF), исто така жестоко е осуден случајот со напишани написи против исламот на ѕидот на џамијата во францускиот град Рен.