Францускиот министер Дарманин: Акциите против муслиманите се акции насочени против Републиката

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин ја посети џамијата „Ибни Сина“ во градот Рен на чиј ѕид беа напишани антиисламски написи

1619219
Францускиот министер Дарманин: Акциите против муслиманите се акции насочени против Републиката

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин ја посети џамијата „Ибни Сина“ во градот Рен на чиј ѕид беа напишани антиисламски написи.

Дарманин во врска со настанот го рече следното: „Акциите против муслиманите се акции насочени против Републиката (Франција).“

Велејќи дека францускиот претседател Емануел Макрон и Владата нападот врз џамијата исто така го окарактеризираа како „гнасен чин“, Дарманин истакна дека напишаните написи на ѕидот на џамијата претставуваат навреда на муслиманите и на Франција.

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин привлече внимание дека овој настан е реализиран на два дена пред почетокот на муслиманскиот месец на постот Рамазан и информира дека на 9 април на гувернерите во земјата им е издадена директива за „воспоставување на безбедноста на џамиите“.



Слични вести