Бројот на загинатите на протестите во Мјанмар се зголеми на 706 лица, 3.059 лица се притворени

Бројот на загинатите за време на вооружената интервенција на безбедносните сили на протестите во Мјанмар се зголеми на 706 лица, 3.059 лица се притворени, а во врска со 657 лица се издадени потерници за нивно приведување

1619405
Бројот на загинатите на протестите во Мјанмар се зголеми на 706 лица, 3.059 лица се притворени

Продолжуваат протестите против воениот удар и притворањето на избраните членови на Владата во Мјанмар.

Бројот на загинатите за време на вооружената интервенција на безбедносните сили на протестите се зголеми на 706 лица.

Во дневниот извештај на Организацијата за помош на политичките затвореници во Мјанмар (AAPP) се истакнува дека во последните 24 часа е потврдена смртта на уште 5 лица, со што вкупниот број на човечките загуби е ажурирано на 706 лица.

Во извештајот се вели дека исто така се држат во притвор 3.059 лица и дека во врска со 657 лица противници на воениот удар се издадени потерници за нивно приведување.

Од друга страна, меѓународната агенција за кредитен рејтинг „Fitch Solutions“ прогнозира дека економијата на Мјанмар којашто е подложена на негативното влијание од протестите против воениот удар и акциите за граѓанска непослушност, оваа година ќе доживее стеснување од 20 отсто. 

Инаку, Армијата во Мјанмар откако политичките групи блиски со неја ги изнесоа тврдењата за измама на одржаните избори на 8 ноември 2020 година по што дојде до зголемување на политичката тензија, на 1 февруари изврши воен удар и ја презеде власта во земјата.

Војската притвори голем број владини функционери на чело со лидерот на земјата, премиерката и министерката за надворешни работи Аунг Сан Су Чи и голем број функционери на владејачката партија, а исто така беше прогласена едногодишна вонредна состојба.

По ваквиот развој, народот во Мјанмар на 6 февруари започна протести со барање за враќање кон демократија.

Додека сеуште продолжуваат протестите во Мјанмар со широко учество на кои учествуваат голем број граѓани продолжува и судењето во воените судови на притворените високи владини функционери.

 



Слични вести