Американскиот државен секретар Антони Блинкен оваа недела ќе отпатува во посета на Брисел

Еден висок функционер изјави за американскиот печат дека, за време на посетата на Блинкен на Брисел ќе бидат поставени на маса прашања посветени на Иран, Авганистан и руско-украинската затегнатост

1619723
Американскиот државен секретар Антони Блинкен оваа недела ќе отпатува во посета на Брисел

Американскиот државен секретар Антони Блинкен во текот на оваа недела ќе отпатува во посета на главниот град на Белгија, Брисел.

Еден висок функционер изјави за американскиот печат дека, за време на посетата на Блинкен на Брисел ќе бидат поставени на маса прашања посветени на Иран, Авганистан и руско-украинската затегнатост.

Истиот функционер потсети дека воедно и американскиот секретар за одбрана Лојд Остин на 10 април излезе на турнеја во чии рамки се опфатени Белгија, Израел и Германија.

Од друга страна, внимание привлекува и тоа дека посетата на американскиот државен секретар Антони Блинкен на Брисел ќе биде остварена во атмосфера на присутна затегнатост на границата помеѓу Русија и Украина.



Слични вести