Рјабков: Од САД очекуваме одговорен приод по прашањето на Украина

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков упати повик до Соединетите Американски Држави (САД) да презентираат „одговорен“ приод во украинското прашање

1618761
Рјабков: Од САД очекуваме одговорен приод по прашањето на Украина

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков за руската новинска агенција „РИА Новости“ даде изјави во врска со присутната затегнатост на украинско-руската граница.

Рјабков упати повик до Соединетите Американски Држави (САД) да презентираат „одговорен“ приод во украинското прашање.

Нагласувајќи дека САД треба да „презентираат одговорен приод“ по ова прашање, Рјабков рече: „Го повикуваме Вашингтон да презентира поодговорен приод по прашањето на размената на информации помеѓу нашите главни градови и да не ја зголемува затегнатоста по ова сериозно прашање.“

Рускиот заменик министер за надворешни работи Сергеј Рјабков истакна дека се надева оти Соединетите Американски Држави (САД) ќе ги фрлат неопходните чекори во врска со прашањето со источниот дел на Украина и го рече следното: „Секако од САД очекуваме да ја сопрат политиката на управата на Киев во правец на зголемување на затегнатоста.“

Рјабков воедно ја сподели и информацијата дека нема контакти со Соединетите Американски Држави (САД) на ниво на министри за надворешни работи и одбрана по прашањето на Украина.

 



Слични вести