Нед Прајс: Блинкен разговараше телефонски со својот британски колега Раб

„Американскиот државен секретар Антони Блинкен разговараше телефонски со својот британски колега Доминик Раб“ - соопшти портпаролот на американскиот државен секретаријат (Стејт департментот) Нед Прајс

1618982
Нед Прајс: Блинкен разговараше телефонски со својот британски колега Раб

Портпаролот на американскиот државен секретаријат (Стејт департментот) Нед Прајс во објавеното писмено соопштение информира дека американскиот државен секретар Антони Блинкен оствари телефонски разговор со својот британски колега Доминик Раб.

Прајс истакна дека Блинкен во телефонскиот разговор го достави до Раб своето сочувство по повод смртта на сопругот на британската кралица Елизабета Втора, војводата од Единбург принцот Филип кој почина на 99 годишна возраст.

Велејќи дека двајцата шефови на дипломатии, Антони Блинкен и Доминик Раб, разговараа и за авганистанското прашање, портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс рече: „Блинкен и Раб ја повторија и поддршката на Украина против агресивноста на Русија. Двајцата министри нагласија дека Русија што поскоро треба да престане со натрупувањето војска и со провоцирачките реторики.“



Слични вести