СЗО: Постои шокантна нееднаквост во глобалната распределба на вакцините

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус истакна дека досега на глобално ниво се администрирани над 700 милиони дози вакцини, но дека земјите со ниски примања добија само 0,2 проценти од нив

1618563
СЗО: Постои шокантна нееднаквост во глобалната распределба на вакцините

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус на одржаниот состанок за печатот преку видео-конференција во седиштето на организација во швајцарскиот град Женева, информира дека од 220 земји и економии досега 194 земји започнаа со вакцинација против новиот тип коронавирус (Ковид-19).

Гебрејесус привлече внимание дека досега на глобално ниво се администрирани над 700 милиони дози вакцини, но дека земјите со ниски примања добија само 0,2 проценти од нив.

Тој предупреди дека постои шокантна нееднаквост во глобалната распределба на вакцините.

Привлекувајќи внимание дека во 26 земји сеуште не може процесот на вакцинација, Гербејесус истакна дека во 7 од овие земји пристигнаа вакцини, а 5 земји за неколку денови ќе ги примат вакцините.

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус ја сподели информацијата дека исто така во рамките на Глобалната програма за пристап до вакцини против Ковид-19 „КОВАКС“ (COVAX) во последните 6 недели се испратени 38 милиони дози вакцини против Ковид-19 на повеќе од 100 земји.

Тој потсети дека со посредство на „КОВАКС“ (COVAX) планираа до крајот на месец март да им се раздадат 100 милиони дози вакцини на земјите кои имаат потреба од нив, но дека поради уочливиот пад во снабдувањето со вакцини можеле да бидат раздадени само 38 милиони дози.

Гебрејесус додаде дека се надеваат дека до оваа цел ќе се стигне во текот на април или мај.

 



Слични вести