Пентагон: „Последното распоредување на руските воени сили најголемо од 2014 наваму“

Москва не е транспарентна од аспект на своите намери

1618554
Пентагон: „Последното распоредување на руските воени сили најголемо од 2014 наваму“

 

Џон Кирби, портпаролот на Министерството за одбрана на Соединетите Американски Држави (Пентагон), изјави дека распоредувањето на руските воени сили на украинската граница е најголемо од 2014 година наваму.

На дневната прес-конференција, Кирби го критикуваше руското воено стационирање и распоредување на источните граници на Украина.

Кирби истакна дека Москва не е транспарентна од аспект на своите намери, наведувајќи дека натамошното стационирање на воените сили во наведеното подрачје  е загрижувачко и не претставува чекор што придонесува за стабилноста на регионот.

Наведувајќи дека тие ја земаат предвид заканата што ја предизвикува Русија во регионот, Кирби рече:

„Тоа е огромна акумулација, ова е најголемата што сме ја виделе од 2014 година наваму“.



Слични вести