Блинкен разговараше со Мас и Ле Дријан во врска со воената затегнатост во источниот дел на Украина

Портпаролот на американскиот државен секретаријат Нед Прајс соопшти дека Антони Блинкен разговараше телефонски со своите германски и француски колеги Хеико Мас и Жан-Ив Ле Дријан во врска со воената затегнатост во источниот дел на Украина

1618349
Блинкен разговараше со Мас и Ле Дријан во врска со воената затегнатост во источниот дел на Украина

Американскиот државен секретар Антони Блинкен оствари телефонски разговори со германскиот министер за надворешни работи Хеико Мас и францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан, посветен на воената затегнатост што се доживува во источниот дел на Украина.

Портпаролот на американскиот државен секретаријат (Стејт департментот) Нед Прајс во објавеното писмено соопштение по ова прашање го истакна следното: „Државниот секретар Блинкен и министерот Мас го нагласија значењето да и се даде поддршка на Украина против едностраните руски провокации на Крим кој се наоѓа под окупација и на контакт линијата во источниот дел на Украина, како и значењето од итно стопирање на натрупувањето на војска во подрачјето од страна на Русија и реториката со којашто се зголемува затегнатоста.“

Во остварениот телефонски разговор на американскиот државен секретар Антони Блинкен со францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив Ле Дријан пак, портпаролот на американскиот државен секретаријат Нед Прајс рече дека двајцата шефови на дипломатии е разгледано и стопирањето на воената раздвиженост од страна на Русија во подрачјето.“

 



Слични вести