Утре во посета на Турција ќе допатува украинскиот претседател Зеленски

Заедничкото производство на корветите од страна на Турција и Украина беше најавено дека ќе се реализира во бродоградилиштето Океан во Николаев

1618295
Утре во посета на Турција ќе допатува украинскиот претседател Зеленски

Утре, во рамките на 9-от Висок совет за стратешка соработка меѓу Турција и Украина во посета на земјава ќе допатува претседателот на Украина, Владимир Зеленски.

Главна тема на разговорите на утрешната посета на Зеленски со соговорниците ќе бидат одбранбениот сектор, Договорот за слободна трговија (ДСТ) и туризмот.

На 14 декември 2020 година помеѓу Турција и Украина беа потпишани низа договори во областа на споделување технологија за заедничко производство на корвети и вооружени беспилотни летала.

Во 2019 година Украина од Турција купи 6 беспилотни летала Барајрактар ​​ТБ2 и три станици за контрола на копно.

Заедничкото производство на корветите од страна на Турција и Украина беше најавено дека ќе се реализира во бродоградилиштето Океан во Николаев, Украина. Првата корвета се очекува да биде произведена во Турција, а останатите во Украина.

Заедничкото производство на авионот АН-178 на украинската авионска компанија Антонов е меѓу актуелните прашања меѓу двете земји.

Туризмот е уште едно важно прашање на дневниот ред на земјите.

Според предвидувањата, Украина се очекува да биде една од најважните земји за турскиот туризам.

Покрај тоа, се очекува да се разговара и за воената активност на Русија околу границите на Украина.



Слични вести