Земјите на Д-8 усвоија 10 годишна патна карта за 2020-2030 година

На крајот на на 10. Самит на Организацијата на осум земји во развој (Д-8) на кој преку видео-конференција учествуваше и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган, е усвоена „10 годишната патна карта на Д-8 за 2020-2030“ и е објавена завршна декларација

1617545
Земјите на Д-8 усвоија 10 годишна патна карта за 2020-2030 година

Земјите членки на Организацијата на осум земји во развој (Д-8) меѓу кои се наоѓа и Турција на одржаниот 10. Самит чиј домаќин беше Дака преку интернет, ја потврдија својата волја за борба против расизмот, дискриминацијата, непријателството кон странците (ксенофобијата) и антимуслиманството.

На самитот на кој преку видео-конференција учествуваше и претседателот Реџеп Тајјип Ердоган е усвоена „10 годишната патна карта на Д-8 за 2020-2030“ и е објавена завршна декларација.

Осумте земји членки на Д-8 со усвоената 10 годишна патна карта со која се има за цел организацијата да биде доведена во посилна и поразвиена состојба ја прифатија целта за продлабочување на трговската соработка и својот внатрешен трговски обем да го зголемат на најмалку 10 отсто од вкупната трговија на Д-8.

Во декларацијата се истакнува дека ќе се истражуваат можностите за развивање на соработката во различни сфери и страните ја изнесоа својата одлучност за борба против сите закани насочени кон економскиот развој и мирот и просперитетот на државите членки, вклучувајќи ја и борбата против тероризмот, секташтвото и екстремизмот со сите нивни форми на манифестација.

Земјите на Д-8 со декларацијата од Дака ја потврдија волјата за борба против расизмот, дискриминацијата, непријателството кон странците (ксенофобијата) и антимуслиманството.

Во декларацијата и се заблагодарува на Турција за нејзиното претседателствување со Д-8 во текот на четири години од 2017 година досега.

„Ја доставуваме нашата искрена благодарност до претседателот на Турција Реџеп Тајјип Ердоган за водството, посветеноста и самопожртвуваните работи во поддршката на целите на Д-8.“ - се вели во декларацијата на Д-8 од Дака.

 



Слични вести