Путин и Меркел разговараа за кизата во источниот дел на Украина

Двајцата лидери ја нагласија потребата од применување на претходно постигнатите договори во врска со решавањето на кризата во Украина и упатија повик до конфронтираните страни во Украина за воздржаност и започнување на процесот на преговорите

1617474
Путин и Меркел разговараа за кизата во источниот дел на Украина

Рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел разговараа за кризата во источниот дел на Украина.

Според објавеното соопштение од Кремљ (Претседателскиот дворец на Русија), претседателот Путин оствари телефонски разговор со германската канцеларка Меркел.

Двајцата лидери, во разговорот ја разгледаа кризата во источниот дел на Украина и ја изразија загриженоста од зголемувањето на затегнатоста во оваа област.

Во разговорот беше нагласена потребата од применување на претходно постигнатите договори во врска со решавањето на кризата во Украина и беше упатен повик до конфронтираните страни во Украина за воздржаност и започнување на процесот на преговорите.

Во разговорот беше нагласено дека Русија и Германија се залагаат за координацијата на иницијативите во врска со прашањето со Украина.

Во телефонскиот разговор во чии рамки стана збор и за прашањето со Сирија, руската страна нагласи дека не треба да се политизираат помошта којашто му се доставува на сирискиот народ од надвор, повторното формирање на социо-економската инфраструктура и прашањата во врска со враќањето на сириските мигранти во својата земја.

Двајцата лидери, рускиот претседател Владимир Путин и германската канцеларка Ангела Меркел, го дочекаа со задоволство и составувањето на централната управа (Владата за национално единство) за периодот на транзиција во земјата и по прашањето на Либија.  

Во разговорот, на барање на Меркел беше разгледана и ситуацијата на Балканот, а воедно беше направена проценка и на состојбата со рускиот опозиционер Алексеј Навални кој е упасен во Русија.

 



Слични вести