Одговор од либискиот премиер Дибејбе до грчкиот премиер Мицотакис за постигнатиот договор со Турција

Либискиот премиер Дибејбе на средбата со грчкиот премиер Мицотакис во Триполи рече: „Го нагласуваме значењето секој вид договор да обезбеди придонес за соодветни решенија и за одбрана на правата на Либија, Турција и Грција“

1616165
Одговор од либискиот премиер Дибејбе до грчкиот премиер Мицотакис за постигнатиот договор со Турција

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис кој вчера отпатува во посета на Либија во главниот град Триполи се состана со премиерот на Владата на национално единство на Либија Абдулхамид Дибејбе.

Либискиот премиер Дибејбе го пречека грчкиот премиер Мицотакис во владината резиденција со официјална церемонија.

Двајцата премиери, по меѓуделегациските разговори одржаа заедничка прес-конференција.

Премиерот на Владата на национално единство на Либија Абдулхамид Дибејбе во говорот што го одржа овде истакна дека се надеваат на повторно активирање на сите договори со Грција во сферите на енергијата, поморската трговија и воената поморска обука.

Осврнувајќи се и на договорот за разграничување на сферите на надлежност во морето помеѓу Турција и Либија потпишан на 27 ноември 2019 година, либискиот премиер Абдулхамид Дибејбе го рече следното: „Што се однесува до договорите коишто ги постигнавме со Турција за утврдување на ексклузивна економска зона; го нагласуваме значењето секој вид договор да обезбеди придонес за соодветни решенија и за одбрана на правата на Либија, Турција и Грција.“



Слични вести