Поранешниот престолонаследник принцот Хамза бин Хусејин ја потврди својата оданост кон јорданскиот крал Абдула Втори

Според објавеното соопштение од Кралскиот престол на Јордан, принцовите Хашим бин Хусејин, Талал бин Мухамед, Гази бин Мухамед и Рафод бин Хасан се состанаа со принцот Хамза бин Хусејин во домот на Хасан бин Талал,чичко му на јорданскиот крал Абдула Втори

1615363
Поранешниот престолонаследник принцот Хамза бин Хусејин ја потврди својата оданост кон јорданскиот крал Абдула Втори

Поранешниот престолонаследник на Јордан Хамза бин Хусејин потпиша писмо со кое ја потврди својата оданост кон јорданскиот крал Абдула Втори.

Според објавеното соопштение од Кралскиот престол на Јордан, принцовите Хашим бин Хусејин, Талал бин Мухамед, Гази бин Мухамед и Рафод бин Хасан се состанаа со принцот Хамза бин Хусејин во домот на Хасан бин Талал, чичко му на јорданскиот крал Абдула Втори.

Поранешниот престолонаследник принцот Хамза бин Хусејин во писмото коешто го потпиша овде го напиша следното: „Му се препуштив во рацете на кралот. Ќе останам приврзан (одан) кон ветувањето/заветот на нашите татковци и дедовци.“

Инаку, американскиот весник „Вашингтон пост“ на 3 април тврдеше дека со образложение дека претставуваат закана за стабилноста на земјата се притворени поранешниот престолонаследник на Јордан принцот Хамза бин Хусејин и уште 20 лица со него.

Началникот на јорданскиот Генералштаб генерал-мајор Ахмед ал-Хунејти, претходно соопшти дека принцот Хамза не е притворен, но потврди  дека  од него било побарано да ги прекине активностите што би можеле да и наштетат на безбедноста на земјата.

Исто така и јорданскиот министер за надворешни работи Ејмен ес-Сафеди, истакна дека како резултат на истрагата којашто е започната е дојдено до заклучок дека поранешниот престолонаследник принцот Хамза бин Хусејин е вмешан во некои активности со странски сили кои целат кон безбедноста на земјата.



Слични вести