Бројот на жртвите во поплавите во Индонезија и Источен Тимор се зголеми на 155 лица

Националната агенција за управување со ризици од природни катастрофи (BNPD) соопшти дека бројот на човечките загуби во поплавите и лизгањата на земјиштето предизвикани од силните врнежи од дожд, во Индонезија и Источен Тимор се зголеми на 155 лица

1615408
Бројот на жртвите во поплавите во Индонезија и Источен Тимор се зголеми на 155 лица

Бројот на човечките загуби во поплавите и лизгањата на земјиштето предизвикани од силните врнежи од дожд во Индонезија и соседен Источен Тимор, се зголеми на 155 лица, а продолжува да се трага по 72 лица кои се водат како исчезнати.

Во објавеното соопштение од Националната агенција за управување со ризици од природни катастрофи (BNPD) се истакнува дека во градот Лембага во провинцијата Источна Нуса Тенгара се пронајдени мртвите тела на 67 лица, во Источен Флорес на 49 лица и во Алор 12 лица.

Во соопштението се вели дека продолжуваат активностите за трагање по уште 72 лица кои се водат како исчезнати во поплавите и лизгањата на земјиштето.

Од друга страна, бројот на загинатите по поплавите коишто ги погодија и соседната земја на Индонезија, Источен Тимор, а поготово главниот град Дили и околните градови, се зголеми на 27.

По катастрофата од поплави коишто започнаа вчера, илјадници лица беа евакуирани и однесени на побезбедни места.



Слични вести