Бројот на загинатите на протестите во Мјанмар се зголеми на 570 лица, 2.728 лица се притворени

Бројот на загинатите за време на вооружената интервенција на безбедносните сили на протестите во Мјанмар се зголеми на 570 лица, 2.728 лица се притворени, а во врска со 443 лица се издадени потерници за нивно приведување

1615642
Бројот на загинатите на протестите во Мјанмар се зголеми на 570 лица, 2.728 лица се притворени

Продолжуваат протестите против воениот удар и избраните членови на Владата во Мјанмар.

Бројот на загинатите за време на вооружената интервенција на безбедносните сили на протестите се зголеми на 570 лица.

Во дневниот извештај на Организацијата за помош на политичките затвореници во Мјанмар (AAPP) се истакнува дека во последните 24 часа е потврдена смртта на уште 6 лица.

Во извештајот се вели дека на тој начин вкупниот број на цивилните човечки загуби од почетокот на протестите се искачи на 570 лица, а 2.728 лица се притворени.

Во врска со 443 лица пак, се издадени потерници за нивно приведување.

Од друга страна, голем број цивили кои живеат во провинцијата Шан во источниот дел на Мјанмар на границата со Тајланд и кои поради можноста Армијата на Мјанмар да изврши воездушни напади ги напуштија своите домови, почнаа да градат скривници.

Така додека некои цивили копаат скривници, некои пак се обидуваат да преминат на спротивната страна на границата во Тајланд.

Инаку, Армијата во Мјанмар откако политичките групи блиски со неја ги изнесоа тврдењата за измама на одржаните избори на 8 ноември 2020 година по што дојде до зголемување на политичката тензија, на 1 февруари изврши воен удар и ја презеде власта во земјата.

Војската притвори голем број владини функционери на чело со лидерот на земјата, премиерката и министерката за надворешни работи Аунг Сан Су Чи и голем број функционери на владејачката партија, а исто така беше прогласена едногодишна вонредна состојба.

По ваквиот развој, народот во Мјанмар на 6 февруари започна протести со барање за враќање кон демократија.

Додека сеуште продолжуваат протестите во Мјанмар со широко учество на кои учествуваат голем број граѓани продолжува и судењето во воените судови на притворените високи владини функционери.

 



Слични вести