Путин ќе може да ја извршува претседателската функција уште два мандати до 2036 година

Рускиот претседател Владимир Путин со новиот донесен закон ќе може да ја извршува претседателската функција во текот на уште два мандати, со 2036 година

1615197
Путин ќе може да ја извршува претседателската функција уште два мандати до 2036 година

Рускиот претседател Владимир Путин го потпиша законот со којшто му се овозможува да остане на власт, да продолжи да ја извршува претседателската функција во текот на уште два мандати.

Претседателот Путин чиј мандат истекува во 2024 година благодарение на овој потпишан нов закон ќе може да се кандидира и за следните две претседателски избори.

На тој начин доколку рускиот претседател Владимир Путин победи и на овие избори ќе може да ја извршува претседателската функција во текот на уште два мандати, до 2036 година.

Путин кој се наоѓа на власт повеќе од 20 години, во моментов има 68 години.

 



Слични вести