Посета на највисоко ниво од ЕУ на Либија

Шарл Мишел: „ќе се развие соработката меѓу ЕУ и Либија“

1614757
Посета на највисоко ниво од ЕУ на Либија

Претседателот на Советот на Европската унија (ЕУ) Шарл Мишел во изјавата по повод посетата на Либија која претходно не беше најавена, рече дека ќе се развие соработката меѓу ЕУ и Либија.

Според информациите од официјални претставници на ЕУ, Мишел, во главниот град Триполи се состана со претседателот на либискиот претседателски совет Мухамед Јунус ал-Менфи и со премиерот на Владата на националното единство на Либија, Абдулхамид Дибејбе и со министерот за надворешни работи на Владата на национално единство на Либија, Неџла ал-Менгуш.

Мишел во својот пост на социјалните мрежи се осврна на контактите во Либија и рече дека заминал во време на надежи и тешкотии во Триполи.

„ЕУ е на страната на либискиот народ и нејзината нова администрација. Ние сме подготвени да ја зголемиме нашата поддршка на обединета, суверена и просперитетна Либија“.

Официјалните претставници на ЕУ изјавија дека Мишел изрази спремност за зголемување на заедничката работа за прашања како што се економско закрепнување, управување, услуги, стабилност и безбедност, владеење на правото, човековите права, родова еднаквост и имиграција.

Од друга страна, беше забележано дека амбасадорот на ЕУ во Либија, на крајот на овој месец трајно ќе се врати во Триполи.

Либискиот министер за надворешни работи Неџла ал-Менгуш ги повика и другите земји да го забрзаат процесот на повторно отворање на нивните амбасади и конзулати за да можат брзо да им служат на либиските граѓани и странците.



Слични вести