Бројот на загинатите на протестите против воениот удар во Мјанмар се зголеми на 557 лица

Организацијата за помош на политичките затвореници во Мјанмар (AAPP) соопшти дека во последните 24 часа е потврдена смртта на уште 7 лица со што вкупниот број на цивилните човечки загуби од почетокот на протестите се искачи на 557 лица

1614450
Бројот на загинатите на протестите против воениот удар во Мјанмар се зголеми на 557 лица

Бројот на загинатите за време на вооружената интервенција на безбедносните сили на протестите коишто се одржуваат против воениот удар и избраните членови на Владата во Мјанмар, се зголеми на 557 лица.

Според дневниот извештај објавен од страна на Организацијата за помош на политичките затвореници во Мјанмар (AAPP), во последните 24 часа е потврдена смртта на уште 7 лица со што вкупниот број на цивилните човечки загуби од почетокот на протестите се искачи на 557 лица.

Во извештајот се истакнува дека од страна на воениот режим во Мјанмар се притворени 2.658 лица, додека за 235 лица се издадени потерници за нивно приведување.  

Од друга страна, продолжуваат протестите против воениот удар во земјата.

Демонстрантите во Јангон по повод Велигден  беше одржан протест со јајца. На наредените јајца на централните улици на градот беа напишани слогани „Имаме потреба од федерална армија“ и „Не за хуната“.

Беа одржани протести против воениот удар со учество на голем број лица и во областите како Магвај, Мандалај и Баго.

Инаку, Армијата во Мјанмар откако политичките групи блиски со неја ги изнесоа тврдењата за измама на одржаните избори на 8 ноември 2020 година по што дојде до зголемување на политичката тензија, на 1 февруари изврши воен удар и ја презеде власта во земјата.

Војската притвори голем број владини функционери на чело со лидерот на земјата, премиерката и министерката за надворешни работи Аунг Сан Су Чи и голем број функционери на владејачката партија, а исто така беше прогласена едногодишна вонредна состојба.

По ваквиот развој, народот во Мјанмар на 6 февруари започна протести со барање за враќање кон демократија.

Додека сеуште продолжуваат протестите во Мјанмар со широко учество на кои учествуваат голем број граѓани продолжува и судењето во воените судови на притворените високи владини функционери.

 



Слични вести