Бројот на загинатите во железничката несреќа во Тајван се зголеми на 51 лице

Бројот на загинатите во железничката несреќа во Тајван се зголеми на 51 лице, а 146 лица се повредени

1613892
Бројот на загинатите во железничката несреќа во Тајван се зголеми на 51 лице

Бројот на загинатите при излетување на патнички воз во областа Хуалиен во Тајван се зголеми на 51 лице, а 146 лица се повредени.

Според информации на локалниот печат ослонувајќи се на Министерството за транспорт во Тајван, патнички воз со 8 вагони кој превезувал приближно 350 патници во тунелот во којшто влегол во областа Хуалиен излетал од шините.

Четвртиот и петиот вагон на возот беа тешко оштетени и на местото на инцидентот беа испратени пожарникарни екипи и екипи за пребарување и спасување.

Во железничката несреќа животите ги загубија 51 лице, а 146 лица се повредени. 

Претседателката на Тајван Цаи Инг-вен по железничката несреќа побара од надлежните министерства и служби да ги започнат потребните работи за истражување на причините на несреќата.

 



Слични вести