Украинскиот претседател Зеленски: Спремни сме за руските провокации

Украинскиот претседател Володимир Зеленски истакна дека демонстрацијата сила на границата на Украина со воена вежба од страна на Русија претставува обид за вршење притисок врз примирјето и мировните преговори

1613262
Украинскиот претседател Зеленски: Спремни сме за руските провокации

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во споделената објава на својот профил на социјалната мрежа Твитер покажа реакција на воената раздвиженост на Русија на границата на Украина и истакна дека се спремни за руските провокации.

Нагласувајќи дека демонстрацијата сила на границата на Украина со воена вежба претставува обид за вршење притисок врз примирјето и мировните преговори, Зеленски рече: „Армија не е само сила и моќ, туку воедно е и ум и рамнотежа.“

Началникот на Генералштабот на Украина Руслан Хомшак, во одржаниот говор пред Парламентот на 30 март истакна дека Вооружените сили на Русија под изговор на воена вежба испраќаат воени единици во близина на границата на Украина.

Портпаролот на претседателскиот дворец на Русија Кремљ Дмитриј Песков, исто така рече дека Русија по сопствена волја ги разместува своите воени единици во границите на сопствените територии и дека тоа не претставува закана за никого.

Инаку, во судирите помеѓу проруските сепаратисти кои прогласија таканаречена независност во областа Донбас во источниот дел на Украина и управата во Киев коишто продолжуваат од 2014 година, досега загинаа повеќе од 13 илјади лица.



Слични вести