Гебрејесус: Турција е „силен херој“ 2021 г. да стане Меѓународна година на здравствените работници

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус упати пофалби до Турција и нагласи дека Турција е „силен херој“ 2021 година да стане Меѓународна година на здравствените работници

1613236
Гебрејесус: Турција е „силен херој“ 2021 г. да стане Меѓународна година на здравствените работници

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус говореше на вториот редовен неделен состанок за медиумите што се одржа во седиштето на организацијата во Женева, на кој беше поканет и министерот за здравство Фахреттин Коџа.

Гебрејесус информира дека во рамките на Глобалната програма за пристап до вакцини Ковид-19 „КОВАКС“ (COVAX) на 78 земји им се испратени 35 милиони дози вакцини против новиот тип коронавирус (Ковид19).

Меѓутоа, Гебрејесус, предупреди дека сеуште постои сериозна тешкотија по прашањето на еднаквоста и пристапот до вакцини.

Тој потсети дека на 27 март обраќајќи им се на земјите кои располагаат со вакцини одобрени за итна употреба од страна на Светската здравствена организација (СЗО) упати повик на 20 сиромашни земји итно да им бидат донирани 10 милиони дози вакцини против Ковид-19, а воедно нагласи дека по ова прашање засега не е добиено ветување од ниту една земја.

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус во својот говор упати пофалби до Турција и нагласи дека Турција е „силен херој“ 2021 година да стане Меѓународна година на здравствените работници.

Гебрејесус воедно му за заблагодари на министерот за здравство Фахреттин Коџа за неговото учество на брифингот за медиумите.



Слични вести