Волкан Бозкир ќе престојува во посета на Турција, Азербејџан и Катар

Бозкир во Парламентот ќе одржи говор на тема Глобалната криза, мултилатерализмот и системот на ОН

1612533
Волкан Бозкир ќе престојува во посета на Турција, Азербејџан и Катар

 

Претседателот на 75-то Генерално собрание на Обединетите нации Волкан Бозкир, од 1 до 12 април ќе престојува во посета на Турција, Катар и Азербејџан.

Портпаролот на Претседателот на 75-то Генерално собрание на ОН, Брендан Варма во изјавата на дневниот брифинг со новинарите рече дека следната недела Бозкир, ќе престојува во посета на главниот град Анкара, каде што ќе оствари средба со претседателот Реџеп Таип Ердоган, претседателот на Големото национално собрание на Турција Мустафа Шентоп и министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.

Бозкир во Парламентот ќе одржи говор на тема Глобалната криза, мултилатерализмот и системот на ОН, рече Варма и додаде дека претседателот на Генералното собрание на ОН во Турција ќе оствари средба и со тимот на ОН во Турција.

Варма во продолжение истакна дека Бозкир во рамките на псоетата на Хатај, исто така ќе ги посети сириски бегалци, а веднаш по посетата на Турција ќе ги посети Катар и Азербејџан.

 



Слични вести