Турските дронови и новиот американски одбранбен систем

Беспилотните летала во Нагорно Карабах ги неутрализираа системите за противвоздушна одбрана и тешките оклопни сили на Ерменија ги направија неефикасни

1612574
Турските дронови и новиот американски одбранбен систем

Успехот на Турција во развојот и усовршувањето на вооружените беспилотни летала (дронови) „Бајрактар ​​ТБ2“ и насочувањето на земјите во светот за промена на досегашната тактика на војување, предизвика и армијата на Соединетите Американски Држави (САД) да се насочи во нова потрага во оваа насока.

Во написот објавен во списанието „Форин полиси“, беше истакнато дека беспилотните летала во Нагорно Карабах ги неутрализираа системите за противвоздушна одбрана и тешките оклопни сили на Ерменија ги направија неефикасни, така што развиените земји мораа да ги преуредат своите воени тактики кои останаа нефункционални.

Во написот беше нагласено дека американската војска повеќе не може да ужива во непобитната воздушна супериорност во однос на ривалите како што е Кина, а нациите со ниски примања ќе може да убијат многу повеќе непријателски војници со нискобуџетни возила како што беспилотните летала.

Според информациите цитирани од поранешниот министер за одбрана на САД, Марк Еспер, американските планери за одбрана започнале да ги зголемуваат своите истражувања и инженерски инвестиции за бродови без екипаж, а командите на поморската флота и поморската пешадија објавија мапа за употреба на беспилотни системи во овој месец.

Во написот беше објавено и мислењето на поранешниот претседател на групата за асиметрична војна на американската армија полковник Скот Шоу, кој изјави дека беспилотните летала се повеќе ќе изгледаат како „воздушни тенкови“ и за беспилотните летала рече: „Се додека уништувањето на овие оклопни животни коишто можат да летаат, кои нанесуваат уништувачки удари биде тешко, убивањето на војниците на копното, потенцијално ќе олесни, а исто така ќе поевтини надзорот на бојното поле“.

По разгледувањето на неколкучасовните снимки од војната во Нагорно Карабах, Шоу рече дека американската армија продолжува да обезбедува обука за соодветните единици.

„Новата состојба предизвикува нови предизвици за американскиот стил на маневарската војна“, рече Шоу.



Слични вести