Шест загинати во вооружени напади во САД

Додека продолжува истрагата на полицијата во врска со инцидентот, не беа споделени детални информации за бројот на повредени

1612677
Шест загинати во вооружени напади во САД

Шест лица, од кои едно дете, загинаа во два одделни вооружени напади во Соединетите Американски Држави (САД).

Американските власти соопштија дека во вооружен напад во деловен центар во градот Оранџ во сојузната држава Калифорнија загинале 4 лица, од кои 1 дете.

Напаѓачот, кој се судрил со полицијата која пристигнала на местото на настанот, бил фатен повреден.

Додека продолжува истрагата на полицијата во врска со инцидентот, не беа споделени детални информации за бројот на повредени.

Во вооружен напад во близината на метро станица во Вашингтон, беа убиени 2 лица и има 3 повредени.

Додека трае полициската истрага во врска со инцидентот, не беа споделени информации за напаѓачот или напаѓачите.



Слични вести