Четири неделна забрана за движење во Франција

По 5 април, ќе бидат забранети меѓуградските патувања, рече Макрон потенцирајќи дека сите продавници, освен оние што продаваат основни намирници, исто така ќе бидат затворени

1612938
Четири неделна забрана за движење во Франција

Францускиот претседател Емануел Макрон истакна дека забраната за движење која претходно, поради епидемијата на новиот вид на коронавирус (Ковид-19), беше воведена за 19 региони, од 3 април ќе се применува низ целата земја и тоа 4 недели.

Во вчерашното обраќање од Елисејската палата до јавноста, Макрон ги повика Французите повнимателно да ги следат мерките.

Наведувајќи дека епидемијата сè уште рапидно се шири, Макрон посочи дека досега преземените мерки беа правилни.

Макрон рече дека мутираните видови на Ковид-19 рапидно се шират во земјата и во Европа и се многу посмртоносни.

Наведувајќи дека 44 отсто од оние кои се на интензивна нега се на возраст под 65 години, Макрон напомена дека треба да се преземат нови мерки против оваа состојба.

Најавувајќи дека полицискиот час воведен за 19 региони поради епидемијата ќе се применува низ целата земја почнувајќи од 3 април и тоа 4 недели, Макрон рече дека се воведува полициски час во целата земја помеѓу 19.00-06.00 часот.

Изјавувајќи дека по 5 април, ќе бидат забранети меѓуградските патувања, Макрон истакна дека сите продавници, освен оние што продаваат основни намирници, исто така ќе бидат затворени низ целата земја.

Изјавувајќи дека детските јасли, градинките, основните училишта, средните училишта и гимназиите ќе бидат затворени 3 недели, Макрон рече дека до крајот на летото, ќе можат да се вакцинираат лицата над 18 години.

Макрон изјави дека од средината на мај ќе бидат достапни некои културни места.



Слични вести