Реакција од 14 земји на експертскиот извештај на СЗО за изворот на Ковид-19

Владите на САД, Австралија, В. Британија, Канада, Чешка, Данска, Естонија, Израел, Јапонија, Летонија, Литванија, Норвешка, Јужна Кореја и Словенија одговорија со заедничко писмено соопштение на последниот извештај на Светската здравствена организација

1611700
Реакција од 14 земји на експертскиот извештај на СЗО за изворот на Ковид-19

Реакција од 14 земји на експертскиот извештај на Светската здравствена организација (СЗО) во кој е дојдено до заклучок дека извор на новиот тип коронавирус (Ковид-19) се животни.    

Владите на 14 земји, Соединетите Американски Држави (САД), Австралија, Велика Британија, Канада, Чешка, Данска, Естонија, Израел, Јапонија, Летонија, Литванија, Норвешка, Јужна Кореја и Словенија одговорија со заедничко писмено соопштение на последниот извештај на Светската здравствена организација (СЗО).

Во заедничкото соопштение се вели „Ги изнесуваме нашите заеднички грижи во врска со последниот подготвен извештај за потеклото на Ковид-19 во Кина под водство на Светската здравствена организација (СЗО)“, а воедно се подвлекува дека извештајот на меѓународните експерти „е многу задоцнет“ и содржи недостатоци по прашањето на „обезбедување пристап до оригинални податоци“.

Во заедничкото соопштение стои дека заинтересираните страни треба да бидат почувствителни и меѓународните експерти да имаат побрз и транспарентен пристап до неопходните податоци во своите истражувања во врска со изворот на вирусот.

Воедно и портпаролката на Белата куќа Џен Псаки на едно поставено прашање на одржаната дневна прес-конференција рече дека во предметниот извештај на Светската здравствена организација (СЗО) „недостасуваат суштински податоци, информации и транспарентност“.

Инаку, во објавениот извештај во врска со потеклото на Ковид-19 подготвен заеднички од страна на Светската здравствена организација (СЗО) и Кина, се наведува дека многу е веројатно вирусот Ковид-19 да се пренесувал од лилјаци на луѓе, преку некое друго животно, поради што постои мошне мала веројатност вирусот да е излезен од лабораторија.

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус пак, во врска со извештајот во којшто се тврди дека претставува „најмала можна хипотеза“ вирусот Ковид-19 да е излезен од лабораторија, го рече следното: „Не верувам дека оваа проценка е доволно обемна. За достигнување до посолидни резултати постои потреба од повеќе податоци и испитувања.“

 



Слични вести