Градот Туркестан прогласен за духовна престолнина на турскиот свет

Во завршната декларација на Самитот на Турскиот совет што се одржа денеска во виртуелна средина се истакнува дека градот Туркестан е прогласен за духовна престолнина на турскиот свет

1612315
Градот Туркестан прогласен за духовна престолнина на турскиот свет

Во завршната декларација на Самитот на Турскиот совет се истакнува дека градот Туркестан е прогласен за духовна престолнина на турскиот свет и дека е постигната согласност по прашањето на тоа дека во иднина на основа на ротационен принцип сличен статус би можело да им се даде и на другите древни градови на турскиот свет.

На одржаниот самит на шефови на држави на Турскиот совет што се одржа во виртуелна средина е потврдена намерата на Советот за зголемување на улогата во уште поголемото афирмирање и поддржување на вредностите и интересите на турскиот свет на регионалната и меѓународната арена.

Во завршната декларација на самитот на Турскиот совет е нагласена солидарноста со Владата и народот на Азербејџан во обидите за заживување, обнова, изградба и интеграција на областите подложени на влијанието на судирите.



Слични вести