Турскиот совет има за цел да формира Обединети држави на турскиот свет

Генералниот секретар на Советот за соработка на туркофонските земји (Турскиот совет) Багдад Амреев истакна дека имаат за цел да формираат Обединети држави на турскиот свет

1611499
Турскиот совет има за цел да формира Обединети држави на турскиот свет
Türk Konseyi Bayraklar.jpg

Генералниот секретар на Советот за соработка на туркофонските земји (Турскиот совет) Багдад Амреев изнесе проценки пред неформалниот самит на Турскиот совет што ќе се одржи на 31 март (утре) во виртуелна средина.

Амреев истакна дека имаат за цел да формираат Обединети држави на турскиот свет.

Багдад Амреев информира дека на неформалниот онлајн самит кој е во својство на подготовка за формалниот самит планиран за наесен во Истанбул, освен лидерите на Турција, Азербејџан, Казахстан, Киргистан и Узбекистан ќе учествуваат и Виктор Орбан премиерот на Унгарија со статус на земја посматрач и функционери на Туркменистан.

Велејќи дека Турскиот совет има за цел да формира Обединети држави на турскиот свет, Амреев рече: „Лидерите ќе се состанат за прв пат на овој самит по победата (на Азербејџан) во Карабах. Затоа се зголемува значењето на овој самит кај народот.“

Тој појасни дека на дневен ред на самитот е казахстанскиот град Туркестан да биде прогласен за духовен центар на турскиот свет.

Генералниот секретар на Турскиот совет Багдад Амреев воедно укажа дека и други градови на турскиот свет како што се Истанбул, Семеркант, Бухара, Шуша, Баку, Алма Ата во иднина би можеле да добијат специјален статус.

На неформалниот самит на Турскиот совет што ќе се одржи на 31 март (утре) во виртуелна средина, ќе бидат поставени на маса „Стратегијата на Турскиот совет 2020-2025 и Визијата на Турскиот свет-2040“.

 



Слични вести