Суецкиот канал отворен за сообраќај

дневната загуба за секој ден што ја предизвика бродот The Ever Given со затворањето на каналот во Египет изнесуваше околу 12-14 милиони долари

1611127
Суецкиот канал отворен за сообраќај

 

Администрацијата за управување со Суецкиот канал соопшти дека успешно завршија напорите за пловењето на огромниот товарен брод кој беше вкотвен на копното и каналот се отвори за поморскиот сообраќај.

На 24 март, огромен брод со контејнери кој припаѓаше на една јапонска компанија, поради песочната бура и лошите временски услови во Египет ја изгуби видливоста и се вкотви на брегот на Суецкиот канал, еден од најважните водни патишта во светот.

Како резултат на затворањето на каналот од страна на бродот „The Ever Given“, кој беше попречно приклештен во тесниот канал и целосно затвори преминот, предизвика формирање долги редици пред каналот и дојде до нарушувања во испораката на пратките на сурова нафта и (течен природен гас) ЛНГ поради прекин на сообраќај во морето.

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси вчераутро на својот официјален профил на Твитер објави објава во која истакна дека и покрај тешките услови, тие успеале да го преместат бродот и дека ситуацијата започнала да се враќа во нормален тек.

Според информациите, дневната загуба за секој ден што ја предизвика бродот The Ever Given со затворањето на каналот во Египет изнесуваше околу 12-14 милиони долари, а дневната штета на глобалната трговија е околу 10 милијарди долари секој ден.



Слични вести