Ешреф Гани: Војната и насилството се во спротивност со интересите на авганистанскиот народ

Авганистанскиот претседател Ешреф Гани истакна дека продолжувањето на војната и насилството се во спротивност со интересите на авганистанскиот народ и дека треба да се спасат од нив

1611405
Ешреф Гани: Војната и насилството се во спротивност со интересите на авганистанскиот народ

Авганистанскиот претседател Ешреф Гани во говорот што го одржа на 9. министерска конференција Процесот Истанбул-Срцето на Азија во главниот град на Таџикистан, Душанбе, им се заблагодари на земји и особено на Турција кои ги продолжуваат напорите за воспоставување на мирот во Авганистан.

Претседателот Гани истакна дека продолжувањето на војната и насилството се во спротивност со интересите на авганистанскиот народ и дека треба да се спасат од нив.

Велејќи дека мирот за нив не претставува само желба, туку неопходност, Ешреф Гани рече: „Владата на Авганистан и нашите сојузници бараат решение за воспоставување на мирот.“

Гани истакна дека воспоставувањето на мирот во Авганистан ќе значи воспоставување на стабилноста во регионот.

Тој појасни дека спокоен Авганистан ќе биде во полза и на регионалните земји и дека се наведуваат оти ќе се стави крај на насилството во земјата.

Авганистанскиот претседател Ешреф Гани рече: „Нашиот народ 42 години како е изоставен од мирот. Не би можел да ја објаснам со зборови болката којашто секојдневно ја трпат мојот народ и моите безбедносни и одбранбени сили, со самопожртвување за татковината. Продолжувањето на војната и насилството се во спротивност со нашите интереси и треба да се спасиме од нив.“

Гани додека дека авганистанската Влада не ја изгуби својата надеж за мир.



Слични вести