Блинкен: „Ако не можеме да им помогнеме на Сиријците, треба да се засрамиме“

13,4 милиони луѓе или 2 од секои 3 Сиријци имаат потреба од хуманитарна помош

1611118
Блинкен: „Ако не можеме да им помогнеме на Сиријците, треба да се засрамиме“

 

Државниот секретар на Соединетите Американски Држави (САД) Ентони Блинкен рече: „И покрај разликите, мора да најдеме начин да им помогнеме на овие луѓе (Сиријци), тоа е наша одговорност, а ако не можеме да им помогнеме, треба да се засрамиме“.

Во говорот на сесијата на Советот за безбедност на Обединетите нации, на која се разгледуваше човечката состојба во Сирија, американскиот државен секретар Антони Блинкен привлече внимание на фактот дека на 13,4 милиони луѓе или 2 од секои 3 Сиријци имаат потреба од хуманитарна помош.

Блинкен посочи дека 60 отсто од Сиријците исто така се изложени на ризик од глад и дека една Сиријка морала да ја продаде косата за да ги прехрани своите деца. Министерот Блинкен рече: „Ние седиме на овие места, разговараме, ги претставуваме нашите земји, но во нашето срце не можеме да го најдеме заедничкото човештво што ќе стори нешто навистина значајно за да дејствуваме. И покрај разликите, мора да најдеме начин да им помогнеме на овие луѓе, тоа е наша одговорност, а ако не можеме да им помогнеме, треба да се засрамиме“.

Велејќи дека Сиријците што е можно поскоро треба да добијат хуманитарна помош, Блинкен повика на повторно отворање на граничните порти Онџупинар (Баб ал Салам) и Ал Јарубија, преку кои влегуваше прекугранична хуманитарна помош, а кои минатата година беа затворени поради приговорот на Русија и дека помошта треба да влезе во Сирија преку 3 погранични порти, вклучително и Џилвеѓозу.



Слични вести