Спасен бродот кој во текот на 6 дена го блокира Суецкиот канал: Каналот повторно отворен за сообраќај

Управата на Суецкиот канал соопшти дека бродот е спасен и повторно заплови така што продолжи и поморскиот сообраќај низ каналот

1610733
Спасен бродот кој во текот на 6 дена го блокира Суецкиот канал: Каналот повторно отворен за сообраќај

По неколкудневни (приближно една недела) напорни работи конечно е спасен товарниот брод „Ever Given“ кој заглави во Суецкиот канал и го блокира овој важен поморски пат во светската трговија.

Управата на Суецкиот канал соопшти дека бродот е спасен и повторно заплови така што продолжи и поморскиот сообраќај низ каналот.

Огромниот товарен брод во должина од 400 метри поради намалувањето на видливоста предизвикано од песочната бура и лошите временски услови заринка и заглави во Суецкиот канал, по што започнаа напорни работи за негово свртување и спасување коишто траеја во текот на приближно седум дена.

Во работите за ослободување на огромниот брод од местото кадешто се насука беа вклучени голем број реморкери.

По неколкудневното блокирање на Суецкиот канал стотици товарни бродови формираа долги редици и чекаа на двата краја на каналот, со што беше нанесен голем удар и врз логистичкиот сектор.



Слични вести