Протест во Ротердам-Холандија во врска со случајот со убиената 16 годишна турска девојка Хумејра Е.

Стотици протестирачи кои се собраа пред полициската служба на плоштадот „Маркони“ во Ротердам извикуваа слогани со барање за отпуштање од служба на расистичките полицајци

1610178
Протест во Ротердам-Холандија во врска со случајот со убиената 16 годишна турска девојка Хумејра Е.

Во Холандија е одржан протест против расистичките коментари и изрази на полицајците во полициската служба во Ротердам во врска со убиената 16 годишна турска девојка.

Стотици протестирачи кои се собраа пред полициската служба на плоштадот „Маркони“ извикуваа слогани со барање за отпуштање од служба на расистичките полицајци.

На протестниот митинг одржан од страна на Партијата „БИЈ1 Ротердам“, беше побарано да бидат отпуштени од служба полицајците кои во нивната група на социјалната медија во 2019 година врска со убиството на турската девојка Хумејра Е. го употребија изразот „уште еден Турчин помалку“ и кои изнесоа коментари со дискриминација кон малцинствата, мигрантите и Африканците.

На протестот на кој со турски знамиња во рацете учествуваа и семејството и блиските на Хумејра Е. протестирачите носеа транспаренти на кои пишуваше „Против полициското насилство и полицискиот расизам“, „Нема да зборуваш со расистите, нив ќе ги сопреш“, „Негирањето дека постои расизам, е расизам“, „Кој ќе не одбрани од расистичките полицајци“, „Пред полицијата, човекови права“ и „Заедно против расизмот“.

Учесниците на протестот и оддадоа почит со едноминутно молчење на убиената турската девојка Хумејра.

Инаку, 16 годишната турска девојка Хумејра Е. која учеше во „ДесињКолеџ“ (Designcollege) во Ротердам беше убиена од страна на нејзиниот бивш дечко на 16 декември 2018 година на враќање од училиште.

Хумејра претходно се пожалила до полицијата поради тоа што добивала закана, но оваа нејзина жалба не била земена во предвид.

На 25 март во печатот беше објавено дека холандските полицајци во меѓусебните допишувања преку групите на социјалните медиуми во врска со убиството на 16 годишната турска девојка Хумејра го употребиле изразот „уште еден Турчин помалку“.

Шефот на полицијата на Ротердам Фред Вестербеке исто така истакна дека употребениот израз во врска со Хумејра треба да се осуди и дека е „омаловажувачки“ израз, како и дека овие изрази на полицајците се осудени и дека е започната истрага против нив.

Освен тоа, Вестербеке во име на полицајците во службата им се извини на турската заедница и на семејството на убиената млада турска девојка.

 



Слични вести