По неколкудневни напорни работи е поместен огромниот товарен брод кој го блокираше Суецкиот канал

Потсекретарот на египетскиот претседател Ихаб Мемиш во дадената изјава за египетската државна телевизија истакна дека огромниот товарен брод со контејнери кој заринка и заглави во Суецкиот канал е спасен и е поместен

1610209
По неколкудневни напорни работи е поместен огромниот товарен брод кој го блокираше Суецкиот канал

Потсекретарот на египетскиот претседател Ихаб Мемиш соопшти дека утрово конечно се завршени успешно работите за поместување и запловување на огромниот товарен брод кој една недела го блокираше Суецкиот канал.

Ихаб Мемиш во дадената изјава за египетската државна телевизија истакна дека огромниот товарен брод со контејнери кој заринка и заглави во Суецкиот канал е спасен и поместен. 

Исто така и според ојавените вести во локалниот печат се истакнува дека бродот се вратил на неговата нормална рута, проработиле моторите и почнал да се движи.

Инаку, огромниот брод со контејнери на 24 март при поминување низ Суецкиот канал, едниот од најзначајните поморски (водени) патишта на светот, поради намалување на видливоста предвизикано од песочната бура и лошите временски услови кои владееја во областа заринка и заглави, со што речиси една недела го блокира каналот.

По блокирањето на Суецкиот канал од страна на бродот по име „The Ever Given“ во текот на седум дена се формираа долги редици од бродови кои една недела како чекаа на двата краја на каналот, со што беа доживеани доцнења и проблеми и во испораката на сурова нафта и LNG (течен гас) со бродови низ Суецкиот канал.



Слични вести