Украинската армија ги тестира купените беспилотни летала од Турција „Бајрактар ТБ2“

Украинската армија во рамките на воената вежба во Црното Море ги тестира купените беспилотни летала од Турција „Бајрактар ТБ2“

1609716
Украинската армија ги тестира купените беспилотни летала од Турција „Бајрактар ТБ2“

Украинската армија во рамките воената вежба во Црното Море ги тестира купените беспилотни летала од Турција „Бајрактар ТБ2“.

Во веста на новинската агенција "ArmyInform" во склопот на украинското Министерство за, одбрана се истакнува следното: "Беспилотните летала Бајрактар ТБ2 реализираа лет од континентална Украина со островот Тендра Дили во Црното Море. Леталата реализираа различни задачи на обука во врска со маневрите."

Во веста се истакнува дека на островот Тендра Дили се наоѓа повеќе наменски морски полигон на кој се обучуваат различни поморски единици и се зголемува подготвеноста за војна, а воедно се вели дека Поморските сили на Украина во текот на оваа година ќе купи од Турција флота од беспилотни летала "Бајрактар ТБ2" со поусовршени способности како што се подолг дострел на летање.

 



Слични вести