Осуда од министрите за одбрана на 12 земји против Армијата на Мјанмар

Министрите за одбрана на 12 земји во објавеното заедничко соопштение упатија повик до Армијата на Мјанмар да стави крај на насилството и повторно да ја воспостави изгубената почит и доверливост кaj народот на Мјанмар

1609825
Осуда од министрите за одбрана на 12 земји против Армијата на Мјанмар

Министрите за одбрана на Соединетите Американски Држави (САД), Австралија, Канада, Германија, Грција, Италија, Јапонија, Данска, Холандија, Нов Зеланд, Јужна Кореја и Велика Британија, ја осудија употребата на смртоносна сила од страна на безбедносните сили на Мјанмар врз демонстрантите.

Министрите за одбрана на наведените 12 земји во објавеното заедничко соопштение упатија повик до Армијата на Мјанмар да стави крај на насилството и повторно да ја воспостави изгубената почит и доверливост кaj народот на Мјанмар.

Во соопштението се привлекува внимание дека една професионална армија треба да ги почитува меѓународните стандарди и да ги брани наместо да им наштетува на луѓето на кои им служи, а воедно се осудува „употребата на смртоносна сила“ од страна на безбедносните сили на Мјанмар против невооружените демонстранти кои се противат на воениот удар. 

За време на интервенцијата со оружје од страна на безбедносните сили на вчерашните одржани протести против воениот удар и притворањето на избраните членови на Владата во Мјанмар, загинаа 114 лица.

 



Слични вести