Блинкен: Западнавме во ужас од крвта што ја пролеваат безбедносните сили во Мјанмар

Американскиот државен секретар Антони Блинкен истакна дека западнале во ужас од крвта што ја пролеваат безбедносните сили во Мјанмар

1609907
Блинкен: Западнавме во ужас од крвта што ја пролеваат безбедносните сили во Мјанмар

Американскиот државен секретар Антони Блинкен во објавеното соопштение на својот профил на социјалната мрежа Твитер истакна дека западнале во ужас од интервенцијата на безбедносните сили на Мјанмар на протестите против воениот удар при што беа убиени повеќе од 100 лица.

Блинкен во соопштението напиша: "Од прилеаната крв од страна на безбедносните сили на Мјанмар западнавме во ужас, хунтата за услуга на една малцинска група ги жртвува животите нa луѓето."

Изразувајќи сочувство до семејствата на загинатите поради интервенцијата на безбедносните сили, Блинкен истакна дека храбриот народ на Мјанмар го негира владеењето на теророт на армијата.

За време на интервенцијата со оружје од страна на безбедносните сили на вчерашните одржани протести против воениот удар и притворањето на избраните членови на Владата во Мјанмар, загинаа 114 лица.

 



Слични вести