Расте бројот на загинатите во протестите против воениот удар во Мјанмар

За време на интервенцијата на безбедносните сили на денешните протести против воениот удар во Мјанмар животите ги загубија уште најмалку 16 лица со што бројот на загинатите се зголеми на 344 лица

1609472
Расте бројот на загинатите во протестите против воениот удар во Мјанмар

За време на интервенцијата со оружје од страна на безбедносните сили на протестите коишто се одржуваат против извршениот воен удар и притворањето на членовите на Владата во Мјанмар животите ги загубија уште најмалку 16 лица.

Според веста на интернет страницата "Myanmar Now" ослонувајќи се на активистите кои ги следат протестите, армијата на Мјанмар која интервенираше на денешните протести во градовите Јангон, Мандалај, Мјеик, Вундвин, Меикхтила и Кјаукпадаунг, повторно отвори оган врз големиот број граѓани.

Како што се истакнува во отворениот оган животите ги загубија најмалку 16 лица кои беа застрелани.

На тој начин бројот на загинатите во интервенциите на безбедносните сили на протестите се зголеми на 344.

Инаку, Армијата во Мјанмар откако политичките групи блиски со неја ги изнесоа тврдењата за измама на одржаните избори на 8 ноември 2020 година по што дојде до зголемување на политичката тензија, на 1 февруари изврши воен удар и ја презеде власта во земјата.

Војската притвори голем број владини функционери на чело со лидерот на земјата, премиерката и министерката за надворешни работи Аунг Сан Су Чи и голем број функционери на владејачката партија, а исто така беше прогласена едногодишна вонредна состојба.

По ваквиот развој, народот во Мјанмар на 6 февруари започна протести со барање за враќање кон демократија.

Додека сеуште продолжуваат протестите во Мјанмар со широко учество на кои учествуваат голем број граѓани продолжува и судењето во воените судови на притворените високи владини функционери.

 



Слични вести