Нацрт законот „против сепаратизмот“ во Франција е опасен за основните права и слободи

Национална советодавна комисија за човекови права (CNCDH) предупреди дека контроверзниот нацрт закон „против сепаратизмот“ во Франција кој се критикува поради тоа што цели кон муслиманите, е опасен за основните права и слободи

1609386
Нацрт законот „против сепаратизмот“ во Франција е опасен за основните права и слободи

Национална советодавна комисија за човекови права (CNCDH) предупреди дека контроверзниот нацрт закон „против сепаратизмот“ во Франција кој се критикува поради тоа што цели кон муслиманите, е опасен за основните права и слободи.

Во објавеното писмено соопштение од Национална советодавна комисија за човекови права (CNCDH) се истакнува дека се разгледани и анализирани сите членови на нацрт законот којшто е познат како „законот против сепаратизмот“ и кој на 16 февруари беше усвоен во Националното Собрание на Франција и дека се изнесени проценки по ова прашање.

Притоа се вели дека и покрај направените измени во Националното Собрание нацртот носи ризик за нарушување на основните права и слободи.

Во соопштението се наведува дека борбата против објавите на интернет со содржина на омраза е значајно прашање, но дека во врска со ова ќе биде подготвена уредба во Европа и дека затоа членот во врска со прашањето за коешто станува збор треба да биде изваден од нацртот. 

Претседателот на Национална советодавна комисија за човекови права (CNCDH) Жан-Мари Бургубуру нагласи дека овој нацрт шири клима на недоверба (несигурност) и дека мерките коишто ќе бидат преземени со овој нацрт се непропорционални, па дури и опасни за слободите.



Слични вести