На денешните протести во Мјанмар животите ги загубија најмалку 100 лица

Армијата на Мјанмар која интервенираше на денешните протести во градовите Јангон, Мандалај, Мјеик, Вундвин, Меикхтила и Кјаукпадаудаунг отвори оган врз големиот број насобрани протестирачи при што загинаа најмалку 100 лица

1609708
На денешните протести во Мјанмар животите ги загубија најмалку 100 лица
myanmar.jpg
myanmar.JPG
myanmar.jpg
myanmar.jpg
myanmar protestolar.jpg
myanmar.jpg
myanmar.jpg

За време на вооружената интервенција на безбедносните сили на протестите коишто се одржуваат против извршениот воен удар и избраните членови на Владата во Мјанмар, животите ги загубија најмалку 100 лица.

Според веста на новинскиот портал „Now News“, Армијата на Мјанмар која интервенираше на денешните протести во градовите Јангон, Мандалај, Мјеик, Вундвин, Меикхтила и Кјаукпадаудаунг отвори оган врз голкемиот број насобрани протестирачи.

Притоа во отворениот оган од страна на безбедносните сили животите ги загубија најмалку 100 лица.

Во меѓувреме, и Амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во Мјанмар соопшти дека е отворен оган на Американскиот културен центар во градот Јангон.

Во соопштението на Амбасадата се истакнува дека во отворениот оган нема загинати или ранети.

Инаку, Соединетите Американски Држави (САД) и Велика Бријатија претходно донесоа одлука за спроведување санкции врз Мјанмар.



Слични вести