Германската министерка за семејство Франциска Гифеј за прв пат јадеше чиг ќофте

Германската министерка за семејство Франциска Гифеј за прв пат јадеше од турскиот специјалитет чиг ќофте (живо месо)

1609619
Германската министерка за семејство Франциска Гифеј за прв пат јадеше чиг ќофте

Германската министерка за семејство Франциска Гифеј за прв пат јадеше од турскиот специјалитет чиг чифте (т.н. живо ќофте).

Министерката Гифеј која го посети квартот Креузберг кој инаку е познат и како „турско маало“ во главниот град Берлин ги прошета и дуќаните на овдешните еснафи. 

Притоа министерката Франциска Гифеј влезе во еден дуќан кадешто се подготвува и продава турскиот специјалитет чиг ќофте (т.н. живо ќофте) и извесно време разговараше со еснафите, продавачите од турско потекло.

Гифеј ги ислуша проблемите на турските угостители еснафи, а потоа пробаше од турскиот специјалитет чиг ќофте којшто и беше принесен.

Велејќи дека за прв пат во животот јаде турско чиг ќофте, германската министерка за семејство Франциска Гифеј истакна дека чиг ќофтето е луто, но многу вкусно.



Слични вести