СЗО: „Во 44 земји во Африка испратени вакцина против Ковид-19“

СЗО ја сподели информацијата дека 32 од 44 земји го започнале процесот на вакцинирање

1608826
СЗО: „Во 44 земји во Африка испратени вакцина против Ковид-19“

 

Во рамките на Глобалната програма за пристап до вакцини Ковид-19 (КОВАКС), чија цел е да се обезбеди еднаков пристап до вакцините, од Светската здравствена организација (СЗО) во 44 земји во Африка беа испратени вакцини против новиот вид на коронавирус.

Во објавата споделена на профилот на Твитер на африканскиот регион на СЗО, беше објавено дека досега во областите со висок ризик пристигнале 7,7 милиони дози вакцина.

Во соопштението беше истакнато следното:

„Во рамките на програмата за глобален пристап до вакцини Ковид-19 (COVAX), 44 африкански земји ги примија вакцините кои беа доставени преку донации и билатерални договори.

СЗО ја сподели информацијата дека 32 од 44 земји го започнале процесот на вакцинирање.

Во соопштението, исто така се потенцира на тешкотиите во снабдувањето со вакцини и потребата од повеќе вакцини „Ковид-19“ во Африка.

Африканскиот центар за контрола и превенција на болести (Африка ЦДЦ) предупреди дека тешкотиите во снабдувањето со вакцини Ковид-19 во различни делови на светот, особено во Европа, можат негативно да влијаат на африканските земји.



Слични вести