Заврши состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел

По состанокот генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг даде изјави за медиумите и истакна дека на последната седница беше разговарано за прашањето со Русија

1607858
Заврши состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Брисел

Заврши дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на НАТО во главниот град на Белгија, Брисел на кој учествуваа шефовите на дишпломатиите на 30 земји членки на Алијансата.

По состанокот генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг даде изјави за медиумите и истакна дека на последната седница беше разговарано за прашањето со Русија.

Укажувајќи на тоа дека односите со Русија се тешки, Столтенберг ја изнесе следната констатација: „И покрај долгогодишниот притисок и обидите за воспоставување контакт за смисловен дијалог, Русија ги зголемува своите агресивни однесувања ѝ внатре во земјата ѝ во странство.“

Столтенберг наведе дека во Русија сеуште се врши притисок врз опозицијата и го повтори повикот за ослободување на рускиот опозиционер Алексеј Навални и другите уапсени мирољубиви демонстранти.

Истакнувајќи дека Русија истовремено продолжува да го зголемува и своето воено присуство, Столтенберг рече: „Одговорот на НАТО е силен и стабилен.“

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг напомена дека во двонасочниот став кон Русија одвраќањето и одбраната се водат заедно со дијалогот, а воедно додаде дека сите сојузници постигнаа согласност по прашањето на продолжување на преразгледувањето на своите способности за одвраќање и одбрана и адаптацијата.



Слични вести