Во пожар во бегалски камп во Бангладеш животите ги загубија најмалку 15 лица

Во пожарот во кампот за бегалци Кокс Базар во Бангладеш животите ги загубија најмалку 15 лица, 560 лица се повредени, а од 400 лица не можат да се добијат информации

1606893
Во пожар во бегалски камп во Бангладеш животите ги загубија најмалку 15 лица

Обединетите нации (ОН) соопштија дека во пожарот што се појави во кампот Кокс Базар во Бангладеш кадешто се сместени бегалци животите ги загубија најмалку 15 лица, повеќе од 560 лица се повредени, а од 400 лица не можат да се добијат информации.

Претставникот на Високиот комесаријат за бегалци при Обединетите нации (УНХЦР) за Бангладеш Јоханес ван дер Клаув истакна дека по пожарот во кампот за бегалци Кокс Базар не можат да се добијат информации од 400 лица.

Привлекувајќи внимание дека во пожарот животите ги загубија најмалку 15 лица и 560 лица се повредени, Клаув рече дека изгореа најмалку 10 илјади бараки што значи дека најмалку 45 илјади луѓе останаа без покрив над главата. 

Тој нагласи дека досега не беше доживеан еден ваков голем пожар во бегалските кампови во Бангладеш како сега.

Клаув појасни дека екипите на Обединетите нации (ОН) водат активности во областа, во врска со пожарот го употреби изразот "многу голем и разорен" и ја сподели информацијата дека во катастрофата се дојдени во неупотреблива состојба и клиниките и центрите за снабдување.

Јоханс ван дер Клаув напомена дека ги координираат работите со Меѓународната организација за миграција (ИОМ) по пожарот и дека приоритет во овие работи се жените и децата како најранливи групи.

Во меѓувреме, е соопштено дека  функционерите на Бангладеш започнаа истрага во врска со причината за појава на пожарот во бегалскиот камп.

Според Обединетите нации (ОН) бројот на бегалците кои бегајќи од притисокот и зулумот (насилството) на националистичките Будисти во Аракан по август 2017 година се засолнаа во Бангладеш достигна до 900 илјади лица.

 



Слични вести