УНЕСКО: Човештвото за помалку од 10 години ќе се соочи со глобален недостаток од вода

Според „Светскиот извештај за вода“ на УНЕСКО, недостатокот од вода до 2030 година ќе се зголеми на 40 отсто од земјината топка, додека другите глобални проблеми уште повеќе ќе ја влошат ситуацијата

1606357
УНЕСКО: Човештвото за помалку од 10 години ќе се соочи со глобален недостаток од вода

Како што се предвидува човештвото за помалку од 10 години ќе се соочи со глобален недостаток од вода.

Според „Светскиот извештај за вода“ на Организацијата за образование, наука и култура при Обединетите нации (УНЕСКО), недостатокот од вода до 2030 година ќе се зголеми на 40 отсто од земјината топка , додека другите глобални проблеми уште повеќе ќе ја влошат ситуацијата.

Според извештајот, глобалната криза предизвикана од пандемијата на новиот тип коронавирус (Ковид-19) го доведе до уште поуочлива состојба проблемот со снабдување со вода, така да денеска повеќе од 2 милијарди луѓе на светот немаат директен пристап до чиста вода.

Поради ограничените извори на вода и зголемувањето на загадувањето на животната средина до 2050 година овој проблем се очекува да се зголеми уште повеќе.

Подготвувачите на извештајот укажуваат на тоа дека не се вложуваат доволно напори за заштита на изворите на вода во модерниот свет.

Организацијата за образование, наука и култура при Обединетите нации (УНЕСКО), упатува повик за развивање на модел со кој истовремено ќе бидат земени во предвид и потенцијалните придобивки на распределбата на водата, а не само трговската вредност на водата.



Слични вести