СЗО: Расте нееднаквоста во пристапот до вакцини меѓу богатите и сиромашните земји

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус истакна дека со секој ден се зголемува провалијата во бројот на вакцините против Ко вид-19 меѓу богатите земји и сиромашните земји

1606562
СЗО: Расте нееднаквоста во пристапот до вакцини меѓу богатите и сиромашните земји

Генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус во седиштето на организацијата во швајцарскиот град Женева, одржа состанок за печатот преку видео-конференција.

Гебрејесус истакна дека со секој ден се повеќе се зголемува провалијата во бројот на вакцините против Ко вид-19 меѓу богатите земји и сиромашните земји на кои им се обезбедуваат вакцини со посредство на Програмата за глобален пристап за вакцини Ковид-19 „КОВАКС“ (COVAX).

Велејќи дека некои земји без притоа да ги изговори нивните имиња, речиси се во трка за да го вакцинираат целото свое население, Гебрејесус укажа на тоа дека во сиромашните земји, земјите со ниски приходи пак, сеуште не е започнато со вакцинација.

Тој рече: Додека некои земји се натпреваруваат да го вакцинираат целото свое население, други држави немаат ништо.“

Гебрејесус истакна дека Јужна Кореја и покрај тоа што е богата земја, земја со високи приходи, нема склучено билатерални договори со производителите на вакцини и ги чека вакцините коишто ќе и бидат обезбедени со Програмата за глобален пристап за вакцини Ковид-19 „КОВАКС“ (COVAX), со што рече дека Јужна Кореја служи за пример.

Од друга страна, како што потсети генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус соопштено е дека во третата фаза од испитувањата коишто продолжуваат во САД ефикасноста на вакцината фармацевтската компанија „АстраЗенека“ (AstraZeneca) развиена од страна на Универзитетот Оксфорд во Англија изнесува 79 отсто.

Тој подвлече дека најзначајно е тоа што оваа вакцина „не го зголемува ризикот од згрутчување на крвта“ и го рече следното: „Овие податоци се еден друг доказ за тоа дека вакцината АстраЗенека е безбедна и ефикасна.“ 

Во меѓувреме, д-р Мариангела Симао, заменичката на генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) истакна дека ниту една земја во Африка не ја одбила вакцината „АстраЗенека“ (AstraZeneca).

Укажувајќи дека завршија безбедносните грижи во врска со оваа вакцина Симао рече: „Се се врати во нормала, на континентот Африка нема ниту една земја која ја одбива АстраЗенека.“

 



Слични вести