Бројот на загинатите во нападите во Нигер се зголеми на 137 лица

Портпаролот на Владата на Нигер Закариа Абдурахмане информира дека бројот на загинатите во нападите во Нигер во неделата (21 март) се зголеми на 137 лица

1606397
Бројот на загинатите во нападите во Нигер се зголеми на 137 лица

Бројот на загинатите во реализираните напади во западноафриканската држава Нигер во близина на границата со Мали, се зголеми на 137 лица. 

Портпаролот на Владата Закариа Абдурахмане во дадената изјава за државната телевизија истакна дека во реализираните напади во селата Интазајане, Бакорат и Вистане во областа Тахуа во неделата (21 март) животите ги загубија 137 лица.

Најпрвин беше соопштено дека бројот на загинатите во нападите изнесува 30 лица.

Во областа Тилабери во Нигер во близина на границата со Мали и минатата недела беше извршен напад врз автобус кој превезуваше цивили кои се враќале од сточниот пазар при што и во овој напад загинаа најмалку 58 лица, по што беше прогласена тридневна национална жалост во земјата.

Во реализираните напади и во јануари во селата Чомбанги и Зарумдареје во западниот дел на земјата беа убиени најмалку 100 цивили.

Буркина Фасо, Мали и Нигер во областа Сахел која е позната како "граница на три земји", во последните месеци стануваат цел на нападите на групите поврзани со терористичката организација Ал Каеда и терористичката организација ДЕАШ.

 



Слични вести