Состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ: Меѓу точките на дневниот се и односите со Турција

На официјалниот дневен ред на министрите за надворшени работи на состанокот кој е во својство на подготовка за Лидерскиот самит на Европската унија (ЕУ) на 25-26 март, се наоѓаат и односите меѓу Турција и Европската унија

1606122
Состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ: Меѓу точките на дневниот се и односите со Турција

Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија (ЕУ) се состанаа во главниот град на Белгија Брисел за разгледување на надворешно-политички прашања меѓу кои се наоѓаат и односите со Турција.

На официјалниот дневен ред на министрите за надворшени работи на состанокот кој е во својство на подготовка за Лидерскиот самит на Европската унија (ЕУ) што ќе се одржи на 25-26 март, се наоѓаат прашања како што се односите меѓу Турција и Европската унија (ЕУ), јужното соседство, размена на мислења преку видео-конференција со Мишел Бачелет, високата комесарка за човекови права на Обединетите нации (ОН) и актуелни теми.

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел на претходниот самит на Унијата на 10 декември 2020 година беше задолжен за подговтување на извештај со цел негово доставување на следниот Лидерски самит за утврдување на начинот на кој ќе напредуваат односите со Турција.

На состанокот на министрите за надворешни работи се очекува да му се придаде новиот облик на овој извештај.

Во извештајот се предвидува да се нагласи изборот на патот на дијалогот во односите со Турција.

Раководството на Европската унија (ЕУ) истакнува дека постои позитивен тек во односите со Турција и дека тоа треба да се зачува.

Функционери на ЕУ потсетуваат дека Турција е значајна регионална сила, членка на НАТО, земја кандидат за членство во ЕУ и значаен партнер на ЕУ, а воедно укажуваат на потребата да се работи за сведување на колосек на односите и за водење обиди за решавање на присутните проблемо.

Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика Жозеп Борел во дадената изјава пред состанокот истакна дека прашањата со Турција и Русија ќе ги сочинуваат двете точки на главниот дневен ред на состанокот.

Велејќи дека денеска ќе одржат еден долг состанок, Борел информира дека по состанокот во вечерните часови ќе остварат средба со министерот за надворешни работи Мевлут Чавушоглу со кого ќе направат проценка на односите Турција-ЕУ.



Слични вести